Илоски ја откачи Македонија: Мојот сон е да заиграм за САД

Милан Илоски и дефинитивно стави крај на нашите надежи дека овој квалитетен напаѓач во иднина би можел да го облече дресот на нашата репрезентација, откако јавно потврди дека посакува да добие повик за националната селекција на САД.

Тој игра во одлична форма за Филаделфија, а по хет-трикот на последниот меч со Орландо повторно се најде во фокусот и на македонската јавност.

Илоски, кoj e роден во Калифорнија, но има македонско потекло, уште пред неколку години имаше разговори за да заигра за Македонија, но веќе станува јасно дека тоа нема да се случи.

„Сите знаат дека сум максимално компетитивен и дека секогаш се стремам кон највисокото можно ниво. Во иднина се гледам себе си како дел од репрезентацијата на САД. Ја сакам оваа земја и за мене би било голема чест да ја претставувам“, изјави Илоски, кој сезонава има постигнато 16 погодоци во МЛС-лигата.

Се вчитува...