Колумбискиот напаѓач Џон Дуран во наредната година ќе настапува како позајмен играч за Бенфика. Вистинска „птица преселница“, така накратко може да се опише кариерата на Џон Дуран. Од 2019 година, кога имаше 15 и пол години, тој смени дури шест клуба, а Бенфика ќе биде неговиот седми.
Бенфика ќе му плати шест милиони евра на Ал Наср (чиј член е Дуран) за позајмицата, со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната за 30 милиони евра.
„Среќен сум! Продолжувам во најголемиот португалски клуб. Многу сум благодарен што сум овде. Имам многу високи очекувања. Сакам да играм и да станам шампион“, изјави Дуран.
Дуран ја започна својата професионална кариера во колумбискиот клуб Енвигадо, пред да се пресели во Чикаго Фајр во 2022 година. А потоа започна вистински „ролеркостер“ од трансфери. Уште во јануари 2023 година стана играч на Астон Вила, каде што се истакна како прилично ефикасна замена.
По две години, во јануари 2025 година, тој премина во Ал Наср, но немаше среќа да биде дел од тимот минатата сезона кога конечно беше освоена титулата, бидејќи половина од сезоната ја помина на позајмица во Фенербахче и Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
