Има договор: Нојер се враќа на голот на Германија – ќе брани на Мундијалот!

Прв голман ќе биде Мануел Нојер за Германија на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Ова е исходот од преговорите на чуварот на мрежата со селекторот Јулијан Нагелсман, објавува новинарот Флоријан Плетенберг.

40-годишниот голман се враќа меѓу диреците по две години пауза, откако после ЕП 2024 година се реши да се пензионира од германската репрезентација.

И покрај тоа што имаше неколку обиди да се врати, сепак, не дадоа плод, но сега се чини има конечен договор.

На Мундијалот Германија ќе игра во групата Е со Курасао, Брегот на Слоновата коска и со Еквадор.

Се вчитува...