„Имам понуда од која боли глава, Меси со сигурност ќе го убедам да остане во Барса“

Еден од главните кандидати за нов претседател на Барселона, Жоан Лапорта, се подготвува да ја преземе каталонската гордост на 24 јануари.

Очигледно Лапорта сега сака да „купи“ гласови со своите изјави, па зборуваше во негативен контекст за лутиот ривал Реал Мадрид, но и вети дека Лионел Меси ќе остане на „Камп Ноу“, што е најсветото и најважното нешто за секој навивач на Барса во моментот.

“Лео рече дека ќе почека до крајот на сезоната за да донесе одлука и тоа ни дава доволно време да дадеме убедлив предлог, што ќе го натера да остане. Имам кредибилитет со Лео, бидејќи тој самиот многу пати ми рече дека можам да направам се што ќе кажам и дека тоа со сигурност ќе се оствари. Затоа ќе му дадеме на Меси нешто што нема да може да го одбие “, изјави Лапорта.

Жоан беше прв човек на Барселона од 2003 до 2010 година и под негово водство клубот доминираше во Европа, но во последните три години без Лапорта клубот започна да опаѓа.

Се вчитува...