Имобиле го израмни рекордот на Игуаин

Чиро Имобиле го прослави освојувањето на „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа израмнувајќи уште еден извонреден рекорд на италијанскиот фудбал.

Погодокот што асот на Лацио го постигна вечерва во Неапол беше вкупно 36. за него во Калчо-лигата, со што Имобиле го израмни рекордот на Гонзало Игуаин, кој во сезоната 2015/16 постигна исто толку погодоци во дресот на Наполи.

Со оваа извонредна сезона, голгетерот на Лацио влезе во избраното друштво од само шест фудбалери кои во 21. век успеале да постигнат најмалку 36 погодоци во една од Топ 5 лигите во Европа. Пред Имобиле тоа им има успеано само на Роналдо, Игуаин, Ибрахимовиќ, Меси и на Луис Суарез.

Се вчитува...