Имобиле: Критиката е дел од фудбалот, но не сум сигурен дека повторно ќе играм за Италија!

Чиро Имобиле одново беше клучен играч за Лацио и го спаси својот тим од пораз во пресметката против Торино на „Олимпико“.

Напаѓачот погоди во судиското продолжение или поточно во 92. минута за конечни 1-1.

„Беше тежок натпревар, треба да го подобриме пристапот кон второто полувреме. Не беше најдобро ниту минатата недела, ако подолго време беше 0-0, можеби ќе изборевме за победа на крајот. Сепак, Торино е навистина тежок ривал и ве притискаат низ целиот терен. Не ја движевме топката доволно брзо, тешко е да се скршат и ова мораме да го сметаме за заработен бод. Знаевме дека четвртото место е многу далеку, со ремито на Јувентус можевме малку да ја намалиме разликата, но сепак тоа ќе беше тешко. Бевме повеќе фокусирани на сопствениот процес на личен раст“, истакна Имобиле кој дојде до бројката од 25 погодоци во Серија А.

Ова за него беше трета сезона во која дава повеќе од 25 голови во Калчото, но тој понатаму добива многу критики кога игра за Италија особено кога „аѕурите“ имаат проблеми, послаби резултати како што беше неуспехот во баражот за СП.

„Не, не е доволно. Како што кажав, критиката е дел од фудбалот и јас го прифаќам тоа. Прифаќам пофалби и критики кога се заслужени, но некои уживаат во ова. Она што останува пред се е разочарувањето од неуспехот во квалификациите за Светското првенство. Сите ние ја делиме таа одговорност. Не знам дали поторно ќе играм за Италија, се уште немам одлучено“, порача најдобриот италијански напаѓач.

Се вчитува...