Имобиле со гол во 93. минута го спаси Лацио од пораз (ВИДЕО)

Лацио среќно се извлече од пораз во пресметката со Торино во 33. коло од Серија А.

„Лацијалите“ извлекоа 1-1 против Торино благодарение на голот на Имобиле, на асистенција на Милинковиќ-Савиќ, во 93. минута од средбата.

Претходно, Торино поведе со голот на Пелегри во 56. минута.

Лацио со овој бод се израмни со Фиорентина на шестата позиција на табелата, која има и натпревар помалку.

Се вчитува...