Македонската ракометна јавност денеска се збогува со Душан Микиќ, долгогодишен истакнат ракометен функционер и човек кој остави неизбришлива трага во развојот на овој спорт.
Микиќ беше синоним за професионализам уште во времето на поранешна СФРЈ, кога ја извршуваше функцијата генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија и беше активен член во претседателството на Ракометниот сојуз на Југославија. Неговиот авторитет и знаење беа клучни и за Здружението на контролори и делегати, каде што ја извршуваше претседателската функција.
По осамостојувањето на земјата, Микиќ со сиот свој капацитет се вложи во етаблирањето на независната Ракометна федерација на Македонија (РФМ). Преку функциите делегат и комесар за натпревари, тој беше еден од главните архитекти на домашниот систем на натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

