ИН МЕМОРИАМ: Почина поранешниот фудбалер на Вардар и Работнички, Јастре Јаневски

По тешко боледување денеска почина поранешниот истакнат фудбалер на Вардар и Работнички, Јастре Јаневски.

Јаневски во својата кариера настапуваше токму во двата најпрепознатливи скопски клуба во периодот на седумдесетите години од минатиот век. Најпрво четири години беше дел од „романтичарите“, а потоа седум години мина во Вардар, за да на крај последните четири години од богатата кариера ги заврши во Работнички.

По завршувањето на играчката кариера работеше како тренер во младинските категории на ФК Работнички.

Се вчитува...