Најдобриот тенисер на денешницата Јаник Синер продолжува со неверојатните партии на Мастерс 1000 турнирите сезонава.
Италијанецот стигна до ново полуфинале откако на домашен терен во Рим во четвртфиналето славеше над Русинот, Андреј Рубљов со максимални 2-0, по стови 6-2 и 6-3.
Ова за Синер беше 32 победа во низа на Мастерс турнирите со што го урна рекордот на Новак Ѓоковиќ од 31 победа.
Во полуфиналето Синер го чека подобриот од дуелот меѓу Русинот Данил Медведев и Шпанецот Мартин Ландалус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
