Михајловски: Вратата за Столе секогаш ќе е отворена во Вардар, но тој не беше подготвен за тренер на клубот

Претседателот на РК Вардар, Михајло Михајовски, во интервју за „Спортко радио“ откри зошто легендарниот капитен Стојанче Стоилов не го презеде тимот по заминувањето на Гиљермо Милано.

Иако во јавноста постоел голем притисок за вакво решение, клупската проценка била дека поранешниот пивот се уште не е подготвен за толку одговорна функција. Михајовски појасни дека главен проблем не била тренерската лиценца, туку потребата од целосна посветеност која ја бара водењето на клубот на највисоко ниво.

„По заминувањето на Милано имав мал притисок за Столе Стоилов. Факт е дека тој е легенда на Вардар и дека како играч беше меѓу најдобрите. Но, во тој момент проценив дека не е подготвен да биде тренер. Тоа што немаше лиценца не беше пречка. Тој има бизнис, има ресторан, а за тренерската работа треба посветеност 24 часа. И ден денеска кажувам само најдобро за Столе и вратата на клубот за него секогаш ќе биде отворена“, рече Михајловски. 

Се вчитува...