Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, проговори за прв пат по елиминацијата на грчкиот гигант од Евролигата.
Патанаикос беше поразен во петтиот натпревар од четвртфиналната серија против Валенсија и со тоа остана без место на Фајнал Фор, кој ќе се одржи во Атина.
Јанакопулос се огласи на социјалните мрежи во текот на ноќта, каде што испрати порака до навивачите и рече дека клубот ќе се врати уште посилен.
„Дозволете ми да ви кажам нешто горчината се лечи со уште поголема горчина. Преживеавме многу тешки моменти како овој и знаеме како да се извлечеме од нив“, напиша Јанакопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
