Ињаки Вилијамс ја потона „жолтата подморница“

Атлетик Билбао стигна до шестата победа во Ла Лига откако во дербито на 12. коло славеше со 1-0 против Вилјареал. Херој на домашниот состав беше Инаки Вилијамс кој во 59. минута на асистенција на Гарсија ја затресе противничката мрежа.

Со новите три бода Атлетик Билбао се искачи на петата позиција на табелата со 21 освоен бод, додека Вилјареал падна на осмото место со 18 бодови.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...