Индијана ги скроти Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го претрпеа четвртиот сезонски пораз. Индијана ја запре триумфалната серија на тимот на Леброн Џејмс, славеше со 102-105. Лејкерс, кои беа без Ентони Дејвис имаа водство во речиси целото прво полувреме, Индијана ја презеде контролата во третиот период, „езерџиите“ се вратија во средината од завршниот сегмент, во последната минута екипите влегоа со нерешен резултат.

Индијана поведе со 102-104, Џејмс промаши удар за три на 11 секунди пред крајот, а конечниот резултат од слободни фрлања го постави Домантас Сабонис. Тој беше и најефикасен во составот на Индијана со 26 поени, имаше и 10 скока. Кај Лејкерс, Леброн Џејмс и Двајт Хауард мечот го завршија со по 20 поени.

Лос Анџелес Лејкерс имаат биланс 24/4 и заедно со Милвоки кој има идентичен ефект се двата најдобри тима во лигата и ги предводат Западната и Источната конференција. Со биланс 19/9, Индијана е на шестото место во Источната конференција.

Лос Анџелес Клиперс им се вратија на победите по изненадувачкииот пораз од Чикаго во претходната средба. Славеа на домашен терен против Феникс со 120-99. Пол Џорџ со 24 поени беше лидер во триумфот, Каваи Ленард и Лу Вилијамс постигнаа по 20 поени. Клиперс имаат 21 победа сезонава и осум порази и се на второто место во Западната конференција.

На останатите средби, Сакраменто загуби на гостувањето кај Шарлот со 110-102, Њујорк ја победи Атланта со 143-120, Бруклин, по продолженија славеше над Њу Орлеанс со 108-101, а Јута беше подобра од Орландо со 109-102.

 

Се вчитува...