Инфантино, и покрај бројните скандали на СП, има поддршка од 200 членки за нов мандат на чело на ФИФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се поизвесно ќе добие уште еден мандат на чело на Светската фудбалска федерација.

Како што пишува „Гардијан“, Инфантино досега има поддршка од 200 национални федерации, пришто остануваат уште само неколку федерации кои треба официјално да ја потврдат својата поддршка.

Токму затоа се очекува Инфантино без проблеми да обезбеди и четврти мандат на чело на ФИФА. Од поголемите национални федерации досега се уште нема поддршка само од Фудбалската федерација на Германија.

Досега нема противкандидат за функцијата, Засега нема противкандидат, а рокот за поднесување кандидатури завршува на 18 септември.

СП 2026 ќе остане запаметено и по неколку скандали кои го следеа, а најголемиот беше контроверзната одлука за помилување на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун по црвениот картон против БиХ.

Се вчитува...