Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со сериозни обвинувања откако британски „Тајмс Спорт“ објави дека тој наводно му го ветил финалето на Светското првенство во 2030 година на Мароко. Натпреварот за титулата би се играл на спектакуларниот нов стадион „Хасан II“ во Казабланка, кој со капацитет од 120.000 седишта ќе биде еден од најголемите во светот.
Според медиумот, зад ова ветување стои политички пазар, а Мароко за возврат треба јавно да му даде поддршка на Инфантино во период кога притисокот и повиците за негово повлекување од функцијата се се погласни. Ваквата најава предизвика бура во фудбалскиот свет, со оглед на тоа што реновираните шпански култни стадиони „Сантијаго Бернабеу“ и „Камп Ноу“ важеа за апсолутни фаворити за кулуминацијата на турнирот.
Мундијалот во 2030 година заеднички ќе го организираат Шпанија, Португалија и Мароко, додека воведните мечеви ќе се играат во Јужна Америка. Иако ФИФА и мароканските власти се уште молчат за овие наводи, евентуалната потврда на информациите на „Тајмс Спорт“ ќе отвори нов голем скандал околу корупцијата и доделувањето на домаќинствата во светскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
