Инфантино објави: Отворањето на СП 2026 ќе биде во Мексико Сити, а големото финале – во Њу Џерси

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, вечерва и официјално ги објави дел од клучните детали кои се однесуваат на претстојниот мундијал што во 2026 година ќе се одржи во Мексико, САД и во Канада.

Северноамериканскиот континент за првпат по 1994 година повторно ќе биде домаќин на најелитното фудбалско натпреварување, но за првпат натпревари од едно СП ќе бидат играни во три различни држави.

ФИФА одлучи отворањето на СП 2026 да биде на 11 јуни 2026 на најголемиот стадион во Северна Америка, „Азтека“ во Мексико Сити, кој има капацитет од 87.523 седишта. На истиот стадион беше отворен и мундијалот во 1986 година во Мексико, но тогаш оваа арена имаше капацитет од 115.000 места.

Исто така, денеска е и официјално потврдено – големото финале од следниот мундијал ќе биде одиграно на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, на 19 јули 2026 година, а мечот за третото место ќе се игра во Мајами.

Се вчитува...