Инфантино: Светското првенство во Катар беше најдобро во историјата

Светското првенство кое во 2022 година се одржа во Катар вечно ќе остане запомнето по Аргетнинците кои предводени од Лео Меси по долга пауза успеаја да се вратат на врвот, притоа носејќи му легендарен статус на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

А, според претседателот на ФИФА, Џани Инфантино тоа е воедно и најдоброто во историјата од повеќе аспекти.

„Уште еднаш морам да нагласам. Катар како домаќин и Светското првенство во 2022 година беа најдобри во историјата. Оставија големо богатство за следните генерации во арапскиот свет. Катар и фудбалот ни понудија многу среќа, радост и гордост. Вкупно пет милијарда луѓе во следеа Светското првенство. На стадионите се собраа 3.5 милиони луѓе, а од тие околку милион и пол беа странци. Секој натпревар беше забавен и интересен на свој начин. Нормално врвот на целиот собир беше финалето и славјето на Аргентинците кои ги предводеше фантастичниот Меси“, изјави Инфантино.

Се вчитува...