Иниеста: Не го отпишуваме Реал Мадрид

Барселона стигна до фантастична победа на „Сантијаго Бернабеу“, каталонскиот гигант сега има огромни 14 бода предност во однос на Реал Мадрид, но избраниците на Ернесто Валверде се свесни дека никако не смеат да се опуштат во трката за титулата во Примера.

И пред мечот реков дека ова не е решавачки меч за титулата бидејќи има многу да се игра. Секако дека сме среќни, но ова за нас е само еден чекор напред кон остварување на целта. Сигурно не го отпишуваме Реал Мадрид, низ историјата постојат бројни случаи кога била стигнувана и поголема разлика. Со вчерашниот пораз на Атлетико Мадрид, денешната победа е уште поважна“ – изјави Андрес Иниеста.

Капитенот на каталонскиот гигант им честиташе на соиграчите за извонредното издание на жешкиот терен во Мадрид.

Мора да се честита кога ќе се одигра на ваков начин и кога ќе се победи на овој терен. Сметам дека со она што го покажавме ги заслуживме трите бода“ – истакна Иниеста.

Се вчитува...