Иниеста од Скопје директно на футсал турнир во Кувајт (видео)

Андрес Иниеста синоќа настапи за Шпанија на „Телеком арена“ против селекцијата на Македонија, по што фудбалскиот генијалец од Скопје си замина со приватен авион, летајќи директно во Кувајт. Имено, фудбалерот на Барселона денеска ќе настапи на футсал-турнирот „Ал Ругхан Рамадан“, каде ќе биде главна ѕвезда на ова натпреварување заедно со шпанскиот голман Икер Касилјас.

Иниеста пристигнал во Кувајт во друштво на својот менаџер Рамон Сострес, а според планот, договорено е тој да мине десетина минути со 50 најсреќни фанови, кои ќе бидат извлечени преку лотарија од купените билети и ќе можат да се фотографираат со фудбалската мегаѕвезда.

По завршувањето на турнирот Иниеста ќе замине на одмор, за потоа на самиот почеток од јули да се појави на стартот на подготовките на Барселона, под водство на новиот тренер Ернесто Валверде.

Се вчитува...