Иниеста: Унсуе е идеален тренер за Барселона

Луис Енрике ја напушта клупата на Барселона на крајот од сезоната, а веќе наголемо се шпекулира со имињата за негов наследник. Но, на „Камп Ноу“ секогаш прво се бараат решенија од сопствените редови. За такво решение размислува и капитенот Андрес Иниеста. Тој смета дека Хуан Карлос Унсуе е кадарен да го наследи Енрике на кормилото.

 „Го познавам Хуан Карлос многу добро. Тој е подготвен да го замени Луис Енрике на тренерската клупа на Барселона. Има таков капацитет, и мислам дека е нормално да продолжи да ги развива идеите што сега ги има овој тим. Секако, конечното решение им го оставам на челниците на клубот“, изјави Андрес Иниеста за „Радио Каталуња“.

Хуан Карлос Унсуе од 2014 година е асистент на Луис Енрике. Тој во периодот од 1988 до 1990 беше и голман на Барселона, но бранеше само на пет официјални мечеви. Потоа замина во Севилја, и таму изгради одлична кариера, со преку 300 настапи за овој тим.

 

Се вчитува...