Иниеста: Заслуживме да дадеме гол, но има и реванш на „Камп Ноу“…

Барселона доживеа нов бродолом, откако загуби со 3-0 од Јувентус во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите што синоќа се одигра во Торино. Но, капитенот Андрес Иниеста верува дека има надеж за ново чудо, како на претходниот дуел со ПСЖ. Тогаш Барса загуби со 4-0 во Париз, но возврати со неверојатни 6-1 на реваншот на „Камп Ноу“.

„Игравме лошо, посебно во првото полувреме. Но, не беше толку катастрофално како во Париз. Имавме свои шанси, но за жал не ги искористивме. Мислам дека заслуживме да дадеме еден гол. Но, има и реванш на „Камп Ноу“. Ништо не е готово, иако јасно е дека не очекува навистина тешка задача“, изјави Иниеста по синоќешниот убедлив пораз.

Се вчитува...