Иниеста: Заслуживме победа, им подаривме бод….

Андрес Иниеста е незадоволен од ремито на Барселона со Атлетико Мадрид во дербито на осмото коло во шпанската Примера.

Барса дојде до реми со гол на Суарез во 82. минута, но Иниеста смета дека требало да се стигне до триумф…

„Одигравме добар натпревар, но срамно е што не успеавме да освоиме три бода, но освоивме еден и мораме да продолжиме понатаму. Беше тоа добар натпревар на две одлични екипи. Не успеавме да постигнеме втор гол, но тоа е фудбалот, мора да продолжиме понатаму“ – вели легендата на Барселона.

За Барселона ова беше прв натпревар во сезоната во кој не успеа да победи.

Се вчитува...