Инсиње само што се врати, пак се повреди

Лоренцо Инсиње дефинитивно нема среќа со повредите на стартот од сезонава, италијанскиот репрезентативец неодамна успеа да се врати на терените, но на синоќешниот дуел со Реал Сосиедад повторно се повреди.

Крилниот офанзивец не издржа ниту дваесет минути, откако се пожали на болка во мускулот и мораше експресно да биде повлечен од игра. Денешните детални прегледи ќе покажат дали станува збор за обновување на старата, или пак за сосема нова повреда, но во секој случај се очекува Инсиње да паузира најмалку дваесет дена од терените.

Шанса на местото на капитенот на „наполитанците“ на следниот натпревар би можел да добие македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој оздраве од коронавирус и веќе му се стави на располагање на тренерот Гатузо.

Се вчитува...