Интер ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Реал Мадрид откако Федерико Димарко воопшто не отпатува со тимот и нема да биде во комбинација за пресметката на „Сантијаго Бернабеу“.
Левиот бек е најстандарден фудбалер на Реал заедно со капитенот Лаутаро Мартинез, но Димарко се повреди на последното дерби со Наполи, по што мораше да биде заменет во текот на второто полувреме.
Деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата на Димарко, но едно е сигурно, тој ќе го пропушти стартот на Лигата на Шампионите и премиерниот мега-дуел со Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
