Актуелниот шампион на Италија, Интер, се договори за ново големо засилување за одбраната, во името на аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, кој пристигнува од Тотенхем.
Според информациите од аргентинскиот ЕСПН, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра.
Работата е забрзана по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусили, и шефот на лондонскиот клуб.
Така Ромеро ќе се врати во Серија А, каде претходно изгради репутација на еден од најдобрите дефанзивци во лигата со настапи за Џенова, Јувентус и Аталанта. Аргентинецот го освои Светското првенство во Катар во 2022 година со репрезентацијата.
Тотенхем првично бараше поголема отштета за својот дефанзивец, но двата клуба на крајот најдоа заеднички јазик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
