Интер го казни Брозовиќ поради тоа што возеше во алкохолизирана состојба

Марцело Брозовиќ остана без возачката дозвола откак возеше во пијана состојба во Милано. Хрватскиот интернационалец поради тоа што поминал на црвено бил сопрен од полицијата, по што било востановено дека тој возел во алкохолизирана состојба. Возачката дозвола привремено му е одземена на шест месеци, а остана и без својот автомобил кој вреди 300.000 евра.

Брозовиќ казна доби и од Интер. Миланскиот гигант го казни со 100.000 евра. Казната ќе остане само парична, бидејќи Антонио Конте смета дека Хрватот му е потребен во продолжението на сезоната, па не би сакал да го изгуби поради суспензија.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Super]Kralj[tata]BroZ (@marcelo_brozovic) on

Се вчитува...