Интер го победи, но не го помина Ливерпул на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Минимален триумф на Интер на „Енфилд“ можеби само за подигнување на самодовербата, но не и за продолжување на патот во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим е во „аут“, а „црвените“ се пласираа меѓу најдобрите осум откако загубија само минимално со 0-1.

По првиот дел немаше голови, иако и двата тима имаа шанси. Ливерпул преку Матип ја погоди пречката, а Интер преку Чалханоглу се закани, но Алисон одбрани.

Во вториот дел Лаутаро донесе водство за Интер во 62. минута на асистенција на Санчез. Сепак, Чилеанецот направи глуп старт само минута подоцна и доби исклучување (втор жолт картон) за да му „олесни“ на Ливерпул. Салах два пати ја погоди стативата, но никако голот, а во финишот Диаз беше во последен миг блокиран од Видал и Ливерпул не дојде до израмнување.

Којзнае што ќе беше да не беше исклучувањето на Санчез. Сигурно дека ќе тргнеа по втор гол, но на крај остана горчината кај навивачите на Интер кои пропуштија голема шанса.

Првиот меч заврши со победа на Ливерпул од 0-2.

Во вториот натпревар, Баерн со 7-1 го совлада тимот на Салцбург. 

Се вчитува...