Интер го сака Конте повеќе од Мурињо

Жозе Мурињо ќе извиси и за работата во Интер со оглед дека италијанскиот тим наводно го преферира Антонио Конте како замена за Лучано Спалети кој се очекува да замине по завршувањето на сезонава.

Конте кој освои три титули во Серија А со Јувентус, а беше и италијански селектор, сега е прв избор на Интер. Конте беше отпуштен од Челси на крајот на минатата сезона, а и натаму е во битка со лондонскиот клуб околу испалтата на отштетата за предвремениот отказ.

Мурињо пак кој со Интер имаше историска сезона во 2010, беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во декември, а беше кандидат за тренерското место во Реал Мадрид кој сепак се реши за враќање на Зинедин Зидан.

Се вчитува...