Интер го враќа Дармијан во Италија

Италијанскиот калчолигаш Интер е сериозно заинтересиран за услугите на репрезентативецот на „аѕурите“, Матео Дармијан. Тој не успеа да се наметне доволно во Англија, носејќи го дресот на Манчестер јунајтед, па раководството на Интер сака тоа да го искористи и да го врати во Серија А.

27-годишниот десен бек имаше блескави игри во дресот на Торино пред да замине во Манчестер јунајтед, но на Островот сепак не се снајде најдобро. „Нероаѕурите“ се подготвени да платат 25 милиони евра за негов ангажман, а тоа значи дека Манчестер јунајтед и би заработил на негов трансфер, со оглед дека во 2015 година го купи за сума од 18 милиони евра.

Се вчитува...