Интер и Јунајтед во трка за Месут Озил

Германскиот интернационалец Месут Озил е на прагот да го напушти Арсенал во зимскиот преоден рок. Тој сака да ја промени средината, а според англиските медиуми два клуба се во сериозна трка за негов ангажман. Италијанскиот калчолигаш Интер би сакал да го види одличниот играч за врска во своите редови, но има жестока конкуренција и во Манчестер јунајтед.

Жозе Мурињо инсистира да добие нови засилувања, а тој со Месут Озил соработуваше во Реал Мадрид и одлично ги познава неговите квалитети. Озил е неизвесен за утрешниот дуел на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, поради болки во грбот.

Се вчитува...