Интер и Милан одиграа без победник во Перт

Големите градски ривали Милан и Интер ремизираа 1-1 во контролниот натпревар што го одиграа во Перт попладнево како дел од својата австралиска турнеа.

Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, а Интер поведе со првата шанса што „нероаѕурите“ ја создадоа во вториот дел, Димарко беше стрелец откако се најде осамен на пет метри од противничкиот гол и мајсторски ја смести топката во мрежата.

Бројните замени што ги направи Рубен Аморим вродија со плод, па „росонерите“заиграа далеку подобро и пред крајот заслужено израмнија со пеналот на Нкунку, по прекршокот направен врз истиот фудбалер.

На спротивната страна, Кристијан Киву се соочи со неочекуван проблем пред самиот крај на мечот откако Бисек се пожали на повреда и не можеше да го доврши натпреварот.

Се вчитува...