Интер и Милан во трка за Педро

Италијанските калчолигаши Интер и Милан се во сериозна трка за ангажман на шпанскиот интернационалец Педро Родригез од англискиот премиерлигаш Челси. Клубот од „Стемфорд бриџ“ го очекува доаѓањето на Кристијан Пулишиќ, кој потпиша за Челси, а до крајот на сезоната го носи дресот на Борусија Дортмунд како позајмен играч, а тоа значи дека Педро ќе добие дозвола за заминување иако клубот има забрана од УЕФА за трансфери во наредните два преодни рока.

Интер веќе остварил контакт со агентот на Педро и најавил дека е заинтересиран за неговите услуги, а во трката влегува и Милан. Цената на Шпанецот на европската фудбалска берза изнесува околу 25 милиони евра.

Тој има договор до јуни 2020 година со Челси, па „сините“ се во небрано, дали да го продадат летово или да му дозволат да си замине како слободен играч на крајот од наредната сезона.

Се вчитува...