Два клуба со ист план – Мурињо да се врати во Италија

Португалскиот тренер Жозе Мурињо кариерата може да ја продолжи во Серија А, а „Скај спорт Италија“ пренесува дека раководните лица на Интер и Рома веќе го контактирале „Специјалниот“. Португалецот изјави дека е подготвен да се врати следната сезона, а не е исклучено повторно да седне на клупата на Интер на местото на Лучијано Спалети.

Мурињо од 2008 до 2010 година ги предводеше „нероаѕурите“ со кои два пати беше шампион на Италија, а еднаш ја освои Лигата на шампионите. Португалецот е подотвен и на отстапки, наместо 10 милиони евра годишно, да заработува два милиони помалку.

Претседателот на Интер, Хавиер Занети го подржува враќањето на Мурињо, а генералниот директор Џузепе Марота смета дека најдобро решение е ангажирање на Антонио Конте.

Мурињо на средината на декември доби отказ од Манчестер Јунајтед, а претходно во кариерата ги водеше тимовите на: Порто, Челси и Реал Мадрид.

Како „план Б“ останува Рома, клуб што исто така најавува сериозни промени за наредната сезона. Јасно е дека Раниери нема да остане на клупата, ќе биде обезбеден и буџет за квалитетни засилувања, па интересно ќе биде да се види дали „волчицата“ ќе успее да го убеди трофејниот стратег да седне на клупата на овој клуб.

Се вчитува...