Интер им се одмазди на „наполитанците“

Интер експресно се врати на второто место на калчолигашката табела по вечерашниот триумф од 2-0 на дербито против Наполи. Со оваа победа „нероаѕурите“ им се одмаздија на „наполитанците“ за поразот во полуфиналето од Купот на Италија, на премиерниот меч по паузата поради коронавирусот.

Десниот бек Д’Амброзио го отвори резултатот, крунисувајќи ја подобрата игра на Интер на почетокот од натпреварот. Инсиње пропушти убава шанса за израмнување, а пред крајот на полувремето се закани и Елиф Елмас, кој со извонреден дриблинг се ослободи од тројца домашни фудбалери, но неговиот шут на крајот беше изблокиран. Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути од овој дерби-натпревр.

Конечните 2-0 во второто полувреме ги постави Лаутаро Мартинез, кој влезе во игра на местото на Алексис Санчез.

Се вчитува...