Интер ја декласира Џенова, Пандев не играше поради суспензија

Интер ја совлада Џенова со 4-0 на „Џузепе Меаца“ и се врати на врвот на табелата во Серија А со 42 бода, но подобра гол – разлика од Јувентус. Капитенот на македонскиот национален тим Горан Пандев не играше на овој меч за Џенова поради суспензија.

Ромелу Лукаку во 31.минута го отвори резултатот, а само две минути подоцна Роберто Галјардини зголеми на 2-0. Во вториот дел „нероаѕурите“ постигнаа уште два гола. Себастијано Еспозито од пенал погоди во 64.минута, а серијата голови ја затвори повторно Ромелу Лукаку во 71.минута од дуелот.

Џенова се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со само 11 бода.

Се вчитува...