Кристијан Ериксен дефинитивно заминува од Интер на почетокот од 2021 година, данскиот ас се наоѓа во немилост на тренерот Конте, а по последните жалби за малата минутажа Ериксен ја загуби и довербата на управата на клубот. Последните информации говорат дека Интер ја одредил и цената за одличниот плејмејкер, кој ќе може да си замине за скромни 30 милиони евра.
Тоа е сумата што и самиот италијански клуб ја плати на почетокот од годинава за да го доведе Ериксен од Тотенхем. Иако вредноста на Данецот на фудбалскиот пазар е уште повисока, „нероаѕурите“ планираат само да си ги вратат парите, што потоа би ги инвестирале во нов јануарски трансфер.
Со оглед на ниската отштета, нема да биде проблем да се најде купец за данскиот плејмејкер. ПСЖ важи за фаворит во оваа трка, а интерес за Ериксен во изминатиот период покажаа и Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА