Хрватскиот двоец Брозовиќ и Перишиќ го спаси Интер од нова бламажа во новата сезона, ремизирајќи со Парма 2-2.
Иако по првите 45. минути Интер го имаше поседот, не успеа да створи посериозни шанси за да го загрози голот на Парма, па на пауза се замина со почетните 0-0. На стартот на второто полувреме Жервињо со маестрален волеј донесе водство од 0-1, а во 62. минута и вторпат беше стрелец за удвојување на преднста од 0-2. Марсело Брозовиќ во 64. минута намали на 1-2, а бод за „нероаѕурите“ донесе Иван Перишиќ во 92. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА