Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, потврди дека италијанскиот шампион сериозно работи на трансферот на капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро.
Аргентинскиот репрезентативец има договор со Тотенхем до 2029 година, но наводно сака повторно да настапува во Серија А, каде претходно го носеше дресот на Џенова и Аталанта.
„Дефинитивно се обидуваме да постигнеме договор со играчот и со клубот. Таквите преговори бараат време, но нашиот интерес е реален“, изјави Аузилио за „Скај Италија“.
Главниот проблем останува цената. Англискиот клуб бара околу 50 милиони евра за дефанзивецот, додека Интер се обидува да го реализира трансферот преку позајмица со задолжителен откуп.
Ромеро е еден од главните приоритети на тренерот Кристијан Киву, кој сака дополнително да ја засили одбраната пред новата сезона, во која „нероаѕурите“ ќе ја бранат шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
