Интер не размислува да се раздели од Перишиќ: Ја бараме најдобрата одлука, тој ќе остане во Милано

Интер ја продолжува тесната битка за пехарот во Серија А, но во исто време мора да размислува и за некои други прашања затоа што времето минува и може да биде доцна за одредени потези.

Ваква е ситуацијата со Иван Перишиќ на кого му завршува договорот на крајот на сезоната, а тоа дефинитивно носи немир кај играчот кој не е задоволен од тоа како се однесува клубот. Тоа Хрватот го посочи по финалето на Купот на Италија каде беше херој во победата над Јувентус по продолженијата за да потоа во јавноста излезе вест дека се договорил со Челси.

Потврда за ваквата вест се уште нема од Милано, па „нероаѕурите“ се уште се надеваат дека ќе можат да го задржат офанзивецот во својот клуб.

„Кога ќе заврши сезоната, ќе разговараме за сите ситуации кои сè уште се во рамнотежа, вклучително и оваа, со сета почит кон професионалноста на овој многу талентиран играч. Ќе седнеме на маса и заедно ќе ја донесеме најдобрата одлука. Што се однесува до нас, ние секако сакаме да продолжиме со него“, порача оперативецот Бепе Марота.

Се вчитува...