Интер не се откажува од скудетото, ќе решава последното коло во Калчо-лигата

Интер славеше на гостувањето против Калјари со 1-3, стигнувајќи до три бода со кои „нероаѕурите“ до последното коло ја продолжуваат трката со Милан за шампионската титула. „Росонерите“ ќе влезат во последната рунда со два бода предност и подобар скор во меѓусебните дуели, поради што за скудето ќе им биде доволно и реми на гостувањето против Сасуоло. За Интер пак наредниот викенд има само една опција, триумф на домашен терен над Сампдорија и чекање на „кикс“ на Милан против Сасуоло.

Фудбалерите на Калјари беа видно мотивирани бидејќи овој меч беше многу важен во нивната битка за опстанок, но тимот од Сардинија не успеа да го изненади актуелниот првак. Дармијан го отвори резултатот во првото полувреме, а на самиот почеток од вториот дел на 0-2 зголеми Лаутаро Мартинез.

Се што успеаја да сторат домашните фудбалери до крајот беше почесниот гол на Ликојанис, по што Интер во самиот финиш преку Лаутаро стигна до конечните 1-3.

Се вчитува...