Интер носи топ-засилување од Манчестер

Ангажман на нов дефанзивец е приоритет за Интер летово откако Де Фрај и Дармијан го напуштија клубот, а директорите на италијанскиот првак преговараат за доаѓање на најмалку двајца нови одбранбени фудбалери во овој преоден рок.

Преговорите со Тотенхем за Аргентинецот Ромеро не одат во посакуваниот правец, но „нероаѕурите“ во меѓувреме успешно ги финишираа разговорите со Џон Стоунс.

Искусниот 32-годишен дефанзивец е слободен играч по истекот на договорот со Манчестер Сити, за неговите услуги се интересираа и Арсенал, Баерн Минхен и Јувентус, но раководството на Интер го направи клучниот чекор по последната рунда преговори што се оценуваат како крајно успешни.

Засега се уште неофицијално, Интер се согласил да плати четири милиони евра по сезона плус бонуси во наредните две години, по што Стоунс дал зелено светло и се очекува во следните 24 часа да следи и официјализацијата на овој значаен трансфер за „нероаѕурите“.

Се вчитува...