Интер плаќа 22 милиони евра за Родригез

Швајцарскиот дефанзивец Рикардо Родригез е цел на милански Интер за јануарскиот преоден рок.

Родригез моментално е во Волфсбург, но неодамна пред швајцарските медиуми отрки дека негова голема желба е да игра во Серија А, а токму од Италија добил одлична понуда.

Интер е подговен за Швајцарецот да плати 22 милиони евра, но се уште е нејасно дали на тоа ќе се согласи Волфсбург кој неодамна го продаде Дракслер во ПСЖ за 42 милиони евра.

Челниците на Волфсбург очигледно сакаат да го менуваат тимот, а доколку го продадат Родригез во план е купување на најмалку тројца нови фудбалери.

Се вчитува...