Интер по пенали го „сруши“ Сити

Интер го победи Манчестер Сити по пенали во пријателски натпревар одигран во Хонг Конг.

Манчестер Сити поведе со гол на младиот Мубама во 14. минута, само за Интер да израмни преку Павар по само шест минути.

Сити доминираше во второто полувреме, погодувајќи ја гредата двапати со неколку одлични интервенции на голманот Проведел – резултатот остана 1-1.

Зјелински и младите Москони и Лавели постигнаа пенали за Интер (Фратеси промаши), а за Сити, само Ечевери беше прецизен, за разлика од Аит-Нури, Хусанов и Гонзалез.

Се вчитува...