Интер сака да го задржи Икарди до 2023 година

Италијанскиот калчолигаш Интер реагираше експресно по намерата на Реал Мадрид да го купи капитенот на тимот, Мауро Икарди. Раководството на „нероаѕурите“ му понуди нов договор до 2023 година, според кој Аргентинецот би заработувал 7 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси за успеси. Неговата партнерка Ванда Нара, која воедно му е и менаџерка, синоќа се пофали дека се уште ги чита сите ставки од новиот договор.

Интер по секоја цена сака да го задржи Икарди, иако Флорентино Перез притиска жестоко за да го одведе на „Сантијаго Бернабеу“ веќе во јануари. Реал Мадрид е подготвен да плати многу повеќе. „Кралевите“ му нудат 12 милиони евра годишно и исто така петгодишен договор за да го ангажираат одличниот голгетер.

Се вчитува...