Интер сака ѕвезда на Ливерпул

Интер сака да донесе сериозно засилување за средниот ред, па според информациите пласирани од италијанските медиуми фокусот е ставен на Куртис Џонс.

25-годишниот играч од средниот ред на Ливерпул е интересен за „нераѕурите“ кои, наводно, се подготвени да испратат понуда вредна 35 милиони евра до премиерлигашот.

Џонс одигра дури 48 натпревари за Ливерпул минатата сезона. Постигна три гола и собра исто толку асистенции. Во својата професионална кариера, досега играл само за Ливерпул.

Се вчитува...