Интер се интересира за Ламела

Интер внимателно ја следи ситуацијата на Ерик Ламела, кој во моментов се мачи со повреди, а со тоа го загуби местото во стартниот тим на Тотенхем. Клубот од Милано бара брзи крилни играчи кои ќе им конкурираат на Кандрева и на Перишиќ, а Ламела веќе има искуство во Серија А од настапите за Рома, и секако би бил солидна замена за Италијанецот или за Хрватот.

Ламела е трета опција за Интер, но првите две, Берарди и Бернардески, се поскапи варијанти. Сасуоло, односно Фиорентина бараат поголеми суми за продажба на своите фудбалери, додека за услугите на Ламела ќе треба да се платат околу 15 милиони фунти. Аргентинецот беше желба на Интер и минатиот преоден рок, но Тотенхем ги одби тогашните понуди бидејќи Ламела беше во одлична форма, а минатата сезона ја заврши со 10 погодоци и 11 асистенции.

Последните информации околу здравствената состојба на Аргентинецот велат дека тој почнал со тренинзи, но тешко е да се верува дека ќе успее да се рехабилитира целосно за повторно да настапи пред крајот на сезонава. Ламела не му е на располагање на Маурицио Покетино уште од дербито со Ливерпул одиграно на „Вајт харт лејн“ во октомври минатата година.

Се вчитува...