Интер се посрамоти со Кротоне, Милан го потопи Палермо

Интер во уште еден разочарувачки натпревар остана без ниту еден бод откако „нероаѕурите“ загубија на гостувањето против Кротоне со 2-1. Иако против себе имаа клуб што е многу близу до испаѓање, избраниците на тренерот Пиоли со очајното прво полувреме драстично си ги намалија шансите за излез во фудбалска Европа следната сезона. Кротоне со максимално ангажирана игра ги изненади индиспонираните ѕвезди на Интер и поведе со 2-0 по триесетина минути игра. „Нероаѕурите“ заиграа нешто подобро во вториот дел, преку Д’Амброзио намалија на 2-1, а потоа имаа и неколку убави шанси за израмнување кои останаа неискористени (најубавата ја пропушти Едер, чиј удар заврши во дирекот.

Палермо претрпе уште еден убедлив пораз, овојпат сосема очекувано на гостувањето против Милан со 4-0. Сусо од слободен удар ја начна мрежата на сицилијанскиот клуб, а потоа меѓу стрелците се запишаа и Пашалиќ, Бака и Деулофеу. Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути, но не успеа да се запише меѓу стрелците, додека Александар Трајковски влезе во игра во 67. минута, само три минути пред четвртиот гол на „росонерите“. Милан со оваа победа го мина Интер и се искачи на шестото место во пресрет на големото градско дерби што е на програмата следниот викенд.

Џенова повторно загуби, овојпат со убедливи 3-0 од Удинезе, натпревар на кој Горан Пандев влезе во игра во 55. минута, но се вклопи во сивилото на својата екипа.

Рома останува сигурна на второто место на табелата со триумфот од 0-3 на гостувањето против Болоња (Фацио, Салах и Џеко беа стрелци), со што „волчицата“ ја одржа негативата од седум бода во однос на лидерот Јувентус.

Резултати Италија:

Сампдорија – Фиорентина 2-2, Кротоне – Интер 2-1, Милан – Палермо 4-0, Болоња – Рома 0-3, Удинезе – Џенова 3-0, Калјари – Торино 2-3.

All Goals & Highlights HD – Crotone 2-1 Inter… by Matthes-Live
All Goals & Highlights HD – AC Milan 4-0… by Video-04
All Goals & Highlights HD – Bologna 0-3 AS Roma… by Naguiee

Се вчитува...