Интер се разбуди, гостински победи на Аталанта и на Торино

Интер по тешка борба успеа да стигне до цел плен на дуелот со СПАЛ, триумфирајќи со 2-0 со голови постигнати во второто полувреме. Спалети се реши за неколку промени во тимот, а згора на тоа повреда во првото полувреме заработи и Брозовиќ, кој речиси сигурно ќе ги пропушти реваншот со Ајнтрахт и градското дерби со Милан следниот викенд.

Лаутаро имаше поништен погодок со ВАР во првото полувреме, но затоа „нероаѕурите“ постигнаа два гола во вториот дел, најпрвин Наполитано го отвори резултатот, пред на 2-0 да зголеми Галјардини.

Торино со пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето против Фросиноне со 1-2, со двата гола што ги постигна Андреа Белоти.

Со идентични 1-2 славеше и Аталанта на гостувањето во Џенова против Сампдорија, Госенс беше стрелец на победничкиот погодок за гостите од Бергамо во 77. минута од натпреварот.

Резултати Италија:

Болоња – Калјари 2-0, Фросиноне – Торино 1-2, Сампдорија – Аталанта 1-2, Интер – СПАЛ 1-0.

Се вчитува...