Интер со автогол во 94. минута до победа во Верона (ВИДЕО)

Интер многу потешко од очекувањата успеа да дојде до триумф над Верона со 1-2 со гол во последните секунди од натпреварот. Со тоа Интер го искористи „киксот“ на Наполи вчера, за да му се доближи на табелата.

Се добро почна за „нероазурите“. Уште во 16. минута Пјотр Зиеленски успеа да донесе предност со прекрасен гол. По изведен корнер, Полјакот од 16-17 метри со волеј удар успеа да ја скине мрежата на домаќинот.

Пред крајот на првиот дел Џоване успеа да израмни. Откако успеа да справи сам со одбраната на Интер, со силен удар го совлада Зомер.

Сепак, во еден од последните напади на мечот, по една нафрлена топка, Фрезе го удри топката и го измами голманот Монтипо за триумф на тимот од Милано.

 

Се вчитува...